Wednesday, January 30, 2013

Партнерство со Marangoni, Италија

Почитувани колеги и соработници, 
Ве известуваме дека склучивме договор со Marangoni (Италија) - водечки производител на репарирани гуми, за промоција и дистрибуција на earthomоver линијата  (гуми за тешка механизација, градежништво, рударство каменоломи и сл) во Македонија и регионот. Повеќе детали за производителот и конкретно за оваа линија на производи може да се најде на http://earthmover.marangoni.com. 
Со ова партнерство ја заокружуваме нашата понуда кога е во прашање одржувањето на гумите за earthmover потребите. Нудиме комплетни решенија за потребите на  механизацијата која работи во екстремни услови - гуми со врвен квалитет кои по потреба може да се изработат со посебни карактеристики кои во потполност одговараат на условите на работа, и дополнителна заштита за најагресивните рабони услови со ланците на RUD Erlau (Германија).


Wednesday, November 7, 2012

Инсталација на работна маса и филтер за CNC плазма

Чест ни е да ве информираме за нашата нова инсталација во Нова Инженеринг, Кавадарци - замена на постоечката работна маса од CNC плазмата за сечење лимови и монтажа на нова со вграден систем за аспирација на гасовите кои се ослободуваат при сечењето. Гасовите понатаму се филтраат со филтерска станица, до ниво што така филтрираниот воздух може да остане во халата, без потреба да се исфрли надвор.

Технички податоци:

  • работна маса модел CUT2700MA, за сечење на лимови со димензии до 2.500х6.500
  • филтер тип C9X/21 - филтрација со 9 кертриџи, капацитет на аспирација 8.000m3/h, вентилатори 2x7,5KW, со вграден пост-филтер за рециклирање на филтрираниот воздух





Tuesday, October 23, 2012

Технома 2012 - впечатоци

Ви благодариме за посетата и интересот за нашите производи и решенија


Thursday, October 11, 2012

Технома 2012

Како и секоја година, нашата компанија ќе биде присутна на Технома во Скопје, 16-20.10.2012.
Ве покануваме да не посетите и подетално да се запознаете со новините кои ќе ги презентираме на овој пазар, покрај веќе добро познатите производи од нашата понуда.
Ваши, Техноинвест

Friday, March 30, 2012

Партнерство со Bantto, Кина

Почитувани колеги и соработници, 
Ве известуваме дека склучивме договор со Bantto (Zhejiang Zunhua Rubber & Plastic Industry Co., Ltd.) - производител на транспортни ленти и каиши, за промоција и дистрибуција на нивните производи во Македонија и регионот. Online каталогот на производителот може да се најде на issuu.com/tehnoinvest/docs/conveyor_belts_bantto_ti
Се надеваме дека ќе оствариме успешна соработка.

Tuesday, December 27, 2011


Почитувани колеги и пријатели,

Ви ги честитаме претстојните Новогодишни и Божикни празници, и ви посакуваме среќна и успешна Нова година!

Ваши
Техноинвест

Monday, November 14, 2011

Agrofood / Winefest 2011

Повторно сме на саем, 
овој пат на Агрофуд / Вински фестивал 2011. Посетете не во периодот 15.11-19.11.2011 на нашиот штанд во хала 2, каде што ќе ги претставиме производите од нашите партнери:

  • SK group (Шкрљ доо) од Словенија, производител на висококвалитетна inox опрема за производство на
    • вино (преси, винификатори, танкови), 
    • пиво, сокови, млечни производи
    • фармација и биофармација
  •  Joh.Albrecht од Германија, со своите turnkey решенија за микро-пивници, кои вклучуваат проектирање и изведба на комплетни линии како и обука на персоналот за производство на пиво, особено за
    • ресторани и барови
    • пабови
    • мали до средни производни капацитети
  • Woodclick од Португалија, производител на плутани тапи од секаков вид и ниво на квалитет.