Tuesday, December 27, 2011


Почитувани колеги и пријатели,

Ви ги честитаме претстојните Новогодишни и Божикни празници, и ви посакуваме среќна и успешна Нова година!

Ваши
Техноинвест

Monday, November 14, 2011

Agrofood / Winefest 2011

Повторно сме на саем, 
овој пат на Агрофуд / Вински фестивал 2011. Посетете не во периодот 15.11-19.11.2011 на нашиот штанд во хала 2, каде што ќе ги претставиме производите од нашите партнери:

  • SK group (Шкрљ доо) од Словенија, производител на висококвалитетна inox опрема за производство на
    • вино (преси, винификатори, танкови), 
    • пиво, сокови, млечни производи
    • фармација и биофармација
  •  Joh.Albrecht од Германија, со своите turnkey решенија за микро-пивници, кои вклучуваат проектирање и изведба на комплетни линии како и обука на персоналот за производство на пиво, особено за
    • ресторани и барови
    • пабови
    • мали до средни производни капацитети
  • Woodclick од Португалија, производител на плутани тапи од секаков вид и ниво на квалитет. 

Tuesday, November 1, 2011

Tuesday, October 25, 2011

Соработка со Синпекс при презентација на Kemppi

На Технома 2011 нашиот партнер Синпекс имаше презентација на производите на Kemppi - производител на уреди за заварување со преимум квалитет.
При презентацијата беше користен мобилниот уред за аспирација и филтрација на гасови при заварување, произведен од NewAir, Италија.
Во продолжение ви претставуваме неколку карактеристични фотографии и видеа од презентацијата.

Thursday, October 20, 2011

Среќни сме да ве известиме дека склучивме договор за соработка и промоција на нашиот пазар со High Technology Cutting (HTC srl) од Италија, производител на напредни машини за CNC  плазма и оксигенско сечење на лимови.

Wednesday, September 21, 2011

Технома 2011

Како и секоја година, ќе изложуваме на Технома.
Се надеваме дека со карактеристичните експонати од нашето портфолио ќе можеме да ви ги демонстрираме предностите на нашите производи и решенија.
  
Ве очекуваме во првата хала на скопскиот саем, 18-22.10.2011


Ваши,
Техноинвест

Tuesday, April 19, 2011

Систем за аспирација при заварување

Oд скоро е имплементирана и пуштена во употреба линија за аспирација на гасови при заварување кај нашиот клиент Југохром Фероалојс, Јегуновце.
Системот се состои од 5 работни позиции, секоја опремена со зглобна хауба за аспирација. 

Со оваа инсталација, овој погон е еден од ретките во Македонија кои на овој начин се справува со гасовите и чадот при заварување, овозможувајќи оптимални услови за работа.

Sunday, March 13, 2011

Саем за градежништво follow-up




Ви благодариме на посетата и интересот. 
Се надеваме дека успешно ќе соработуваме 

Friday, February 25, 2011

Покана за заем - Градништво 2011

И овој пат ќе не најдете на саем!

Заедно со нашите партнери Octopus од Хрватска ќе промовираме нова понуда на нашиот пазар:
Геотехнички работи (особено стабилизација на косини, градежни јами, заштита од одрони, лавини.. ), градежни работи на екстремни висини и недостапни места.. 

Ве очекуваме на нашиот штанд во првата хала на скопскиот саем, 1-5.март.2011.


старт на блог

Конечно, го започнуваме овој начин на подиректна комуникција. Се надеваме дека на овој начин ќе можеме побрзо да контактираме, и да ве информираме навремено за сите новости.


Ваши,
Техноинвест