Wednesday, November 7, 2012

Инсталација на работна маса и филтер за CNC плазма

Чест ни е да ве информираме за нашата нова инсталација во Нова Инженеринг, Кавадарци - замена на постоечката работна маса од CNC плазмата за сечење лимови и монтажа на нова со вграден систем за аспирација на гасовите кои се ослободуваат при сечењето. Гасовите понатаму се филтраат со филтерска станица, до ниво што така филтрираниот воздух може да остане во халата, без потреба да се исфрли надвор.

Технички податоци:

  • работна маса модел CUT2700MA, за сечење на лимови со димензии до 2.500х6.500
  • филтер тип C9X/21 - филтрација со 9 кертриџи, капацитет на аспирација 8.000m3/h, вентилатори 2x7,5KW, со вграден пост-филтер за рециклирање на филтрираниот воздух





Tuesday, October 23, 2012

Технома 2012 - впечатоци

Ви благодариме за посетата и интересот за нашите производи и решенија


Thursday, October 11, 2012

Технома 2012

Како и секоја година, нашата компанија ќе биде присутна на Технома во Скопје, 16-20.10.2012.
Ве покануваме да не посетите и подетално да се запознаете со новините кои ќе ги презентираме на овој пазар, покрај веќе добро познатите производи од нашата понуда.
Ваши, Техноинвест

Friday, March 30, 2012

Партнерство со Bantto, Кина

Почитувани колеги и соработници, 
Ве известуваме дека склучивме договор со Bantto (Zhejiang Zunhua Rubber & Plastic Industry Co., Ltd.) - производител на транспортни ленти и каиши, за промоција и дистрибуција на нивните производи во Македонија и регионот. Online каталогот на производителот може да се најде на issuu.com/tehnoinvest/docs/conveyor_belts_bantto_ti
Се надеваме дека ќе оствариме успешна соработка.