Wednesday, November 7, 2012

Инсталација на работна маса и филтер за CNC плазма

Чест ни е да ве информираме за нашата нова инсталација во Нова Инженеринг, Кавадарци - замена на постоечката работна маса од CNC плазмата за сечење лимови и монтажа на нова со вграден систем за аспирација на гасовите кои се ослободуваат при сечењето. Гасовите понатаму се филтраат со филтерска станица, до ниво што така филтрираниот воздух може да остане во халата, без потреба да се исфрли надвор.

Технички податоци:

  • работна маса модел CUT2700MA, за сечење на лимови со димензии до 2.500х6.500
  • филтер тип C9X/21 - филтрација со 9 кертриџи, капацитет на аспирација 8.000m3/h, вентилатори 2x7,5KW, со вграден пост-филтер за рециклирање на филтрираниот воздух